Партија на Турците: ВМРО-ДПМНЕ прави евтин обид да го минира барањето за една изборна единица


Демократската Партија на Турците на Македонија (ТДП)  во нарече „перфидна игра“ и „евтин обид  да се минира иницијативата за една изборна единица„ барањето на ВМРО-ДПМНЕ да асе намали бројот на пратениците и да се оди на предвремени избоори.

-Се позачестени се изјавите, коментарите, партиските соопштенија кои одат во правец на измени на изборниот законик, а кои пред се, се однесуваат на измени во изборниот модел. Со оглед на фактот дека е вообичаено и пожелно измените на изборниот законик да се извршат со целосен концензус на политичките партии, во име на Демократската Партија на Турците на Македонија (ТДП) ги замолуваме политичките партии целосно да се посветат на предлогот на повеќе пратеници, да се воведе „пропорционален модел“ каде територијата на Република Северна Македонија би била „една изборна единица„ без изборен праг.

Условувањето на прифаќање на ваков модел со прифаќање на брзи предвремени избори, барањата за намалување на бројот на пратеници во Собранието на Р.С.М на 90 (што изискува промена на Уставот кој предвидува од 120 до 140 пратеници е долг и непредвидлив процес) барањата на одредени политички партии да се промени бројот на изборните единици и слично се ефтини обиди да се минира иницијативата за пропорционален модел со една изборна единица без изборен праг.

Потсетуваме дека е крајно време поголемите политички партии да излезат од „стегите на своите теснопартиски интереси“ и да прифатат изборен модел кој ќе им овозможи и на помалите политички субјекти да го валоризираат секој глас на избирачите, со што ќе се рефлектира изборната воља на граѓаните и во Собранието на Р.С.М. Сите останати наводно добри решенија се само перфидни игри да се изигра иницијативата на групата пратеници а притоа да се остави впечаток на праведност и демократичност. Многу е „почесно„ отворено и  јасно да се наведат причините поради кои не се прифаќа иницијативата на групата пратеници, отколку да се замајува јавноста со провидни политички решенија.

Воедно го повикуваме Председателот на Собранието предлогот што поскоро да го стави на дневен ред н, со што ќе се избегне досегашната пракса измените на изборниот законик да се вршат непосредно пред изборите што е спротивно на демократските принципи и на барањата на меѓународната заедница, порачуваат од ТДП.

Најголемата опозициска партија – ВМРО-ДПМНЕ, денеска и утре ќе одржи серија средби со парламентарни партии во однос на нивниот предлог за формирање на една изборна единица. Координаторот  Никола Мицевски потврди дека денес  одржани се средби со претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов и со генералниот секретар на ВМРО-НП Љупчо Балковски, кои воедно се и пратеници.