Парно греење колку да не измрзнат граѓаните
Откако над 500-тини домови од Скопје Север и Топанско Поле, деновиве останаа без парно , денеска и од други делови на градот реагираа дека се без парно греење или истото е многу слабо. БЕГ го исклучија целосно парното во Центар и Карпош, се жалат граѓани на социјалните мрежи.
Од операторот со мрежата за парно-греење БЕГ велат дека системот работи во оптимизиран режим кој треба да ги одржува домовите на граѓаните со приклучоци за топловодна енергија до 20 степени во нивната внатрешност.
„Системот за централно греење е целосно во функција и се испорацува топлинска енергија до потрошувачите Во услови на енергетска криза системот работи во оптимизиран резим се со цел внатрешната температуре во домовите да се одржува на 20 степени“, информираат од БЕГ.
Од таму додаваат доколку некои објекти се соочуваат со локален проблем, дека треба да пријават во Центарот за грижа на потрошувачи.
Инаку, регулаторна соопшти дека парното од овој месец поскапува за 14%.