Парички од пред новата ера во кутија за донации


Две златни парички од времето пред новата ера се најдоа во кутија за донации на Војската на спасот во Тампа, САД, кои се собираат за бездомниците, пренесува „Тампа беј тајмс“.
Сите со нетрпение ја очекуваат аукцијата за да видат која вредност ќе ја достигнат паричките стари повеќе од 2.000 години.
Анонимен добротвор ја оставил првата паричка во кутија во самопослуга во Тампа пред Божик, без порака, а неколку дена и втората завиткана во ливче со порака.
„Кованиците се направени од злато меѓу 42 и 40 година п.н е.“, се наведува на страницата на „Херитиџ аукшн“.
Кога би се продале како злато, паричките би вределе околу 450 долари, но нивната вредност секако е повисока.
На аукција во Далас се продаваат парички од цел свет од сите епохи, а аукциската куќа нема да земе провизија од Војската на спасот за продажбата на овие парички.
„Мојата желба е да продолжам да фрлам светлина на Војската на спасот за да привлечам внимание на јавноста која треба да знае каква организација е Војската на спасот. Целата земја треба да знае за неверојатните работи кои ги прави за својата заедница“, пишувало во пораката од анонимниот дарител.
Пораката е потпишана со „Прави го најдоброто“.
На едната страна од паричката е римски конзул во придружба на двајца ликтори кои го чувале, а на другата орел со раширени крилја кој стои на жезло и стега ловоров венец.