Пандемијата згасна речиси 46 илјади фирми во Романија

Во Романија, од почетокот на пандемијата, 45.915 компании престанаа со економските активности и беа избришани од деловниот регистар.
Најголем број на компании кои престанаа да работат се занимаваа со трговија на мало или трговија на големо со автомобилски делови – 12.443, во градежништвото – 4.305 и научни и технички услуги – 3.963, пренесуваат агенциите.
Најголем број на компании кои ги запреа своите деловни активности беа во главниот град Букурешт и неговата околина, во областите Кљљуј, Темиш и Констанца.