Палчо за првпат на распит во Обвинителство


Првоосомничениот  за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски-Палчо, денес за првпат е спроведен во скопското Обвинителството на распит, дознава „Скопје1“. Обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска за првпат ќе го сослуша, откако тој беше екстрадиран од Турција каде беше во бегство. 

Палевски веќе кажа дека нема да се брани со молчење, а кога беше однесен во суд посочи и дека има доказ дека не е виновен за убиствата. Тој отфрли поврзаност, иако исказите на осомничените и доказите кои ги имаат во Обвинителството го кажуваат спротивното.

14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои тројца (Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски) признаа вина.