Падна покрив од крематориум, загинаа 25 луѓе

Најмалку 25 луѓе загинаа, а 15 се повредени, кога во неделата се сруши покрив на крематориум во северната индиска држава Утар Прадеш.
Настраданите се сокриле под покривот поради силниот дожд. Повеќето од нив биле роднини на починатиот што требало да биде кремиеран, пренесе Индија тудеј.
Премиерот на Индија Нарендра Моди изрази сочувство на семејствата на настраданите на Твитер.