Падна хеликоптер што гасел пожар во Грција – спасени двајцата членови на екипажот
За време на акција за гаснење пожар во регионот на градот Гревена во северозападна Грција, хеликоптер од типот Bell 214B, изнајмен од грчката противпожарна служба, се урнал во вештачкото езеро Аоу, а спасени се двајцата членови на екипажот, јави дописничката на МИА од Атина.
Од противпожарната служба на Грција информираа дека во хеликоптерот биле еден грчки и еден странски државјанин, кои се спасени.
Хеликоптерот полетал од аеродромот во градот Јанина.