Падна цената на јајцата во Америка: Едно јајце сега чини 0,42 долари


Цените на јајцата во САД паднаа за прв пат по неколку месеци, но остануваат близу рекордно високо ниво, според владини податоци објавени денес.

Индексот на потрошувачки цени покажа дека просечната цена за 12 јајца од класа А паднала на 5,12 долари во април (0,42 долари по јајце).

Цените на јајцата во САД се искачија на рекордни 6,23 долари во март. Тоа беше првиот пад на цените на јајцата од октомври 2024 година.

Не беше јасно колку ќе паднат цените на јајцата во април, бидејќи побарувачката е обично голема за време на Велигден.

Цените на јајцата во САД постојано растат поради епидемијата на птичји грип, која од почетокот на 2022 година уби повеќе од 169 милиони птици – претежно кокошки несилки.