Пацоли за случајот Османи: Функционер на ИАТА ми потврди дека нема имунитет што може да ја избегне контролата


Претседателот на Алијансата за Ново Косово, поранешен косовски претседател и еден од најбогатите Албанци во светот, Беџет Пацоли, објави дека првиот човек на Одделот за безбедност на патници при Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) од Торонто, со кого патувал за Италија, потврдил дека не „постои тип на имунитет што може да го оправда избегнувањето на контролата на секој патник кој лета со авион”.

Оваа негова реакција следува по случката со претседателката на Косово, Вјоса Османи, на скопскиот аеродром.
  
-Стана збор за настанот во Скопје. Бев на кусо патување за Италија со кој ми потврди (она што веќе го знаев) дека не постои тип на имунитет што може да го оправда избегнувањето на проверка на кој било патник што лета во авион, особено на јавен авион каде што безбедноста на другите патници е доведена во прашање. Во случај некој патник да одбие да биде проверен од службата за безбедност, таа, меѓу другото, го известува пилотот на соодветниот авион и пилотот автоматски одлучува авионот да не полета, напиша Пацоли во објава на Фејсбук, пренесе Лајм.

Понатаму, Пацоли наведува дека не постои инстанца која може да му нареди на пилотот да го стартува авионот, доколку е информиран дека во авионот може да има неконтролиран патник.

-Ова се случило на скопскиот аеродром, каде пилотот одбил да го започне патувањето со патници кои не биле подложени на безбедносна проверка и поради тоа било предизвикано одложување на полетувањето на авионот со многу патници внатре. Што се однесува до клонирањето телефони, наивно е да се каже дека телефонот може да се клонира додека поминува низ рендген апаратот, напиша Пацоли на Фејсбук.