Овчар од Косово пронајден мртов кај Велес
Четириесет и осумгодишен маж од Косово е пронајден мртов вчера околу 15.30 часот во близина на бачило во атарот на велешкото село Количари. Според полицијата, тој утрото околу 6.30 часот излегол да ги напасува овците. Околу 14.20 часот, газдите на бачилото му вртеле на мобилен телефон, но тој не се јавувал, по што тргнале да го бараат.
„Пронајден е мртов, дежурниот лекар констатирал смрт без насилство. Телото е предадено за обдукција“, соопшти МВР.