Ова се најплатените работни места во Германија: Еве каква е платата во „ветената земја“


Ова е список на најдобро платени работни места во Германија во 2025 година.

За многу странски работници, Германија е „ветената земја“. Таму платите се повисоки, како и животниот стандард. Но, кои работни места носат највисоки плати кога станува збор за оваа земја?

Специјализираниот портал Kununu состави листа на најдобро платени работни места во Германија во 2025 година, а на врвот се ревизори со просечна годишна плата од 89.300 евра.

Пилотите имаат просечна годишна плата од 86.800 евра. По нив следат медицинските советници со 86.800 евра просечно годишно.

На листата на најдобро платени работни места се доктори со годишна плата од 86.600 евра, а потоа софтверски архитекти со годишна плата од 84.600 евра.

Во првите десет најплатени професии се програмски менаџер (83.800 евра), правен советник (81.600 евра), професори (81.500 евра), портфолио менаџер (81.300 евра) и адвокати (80.300 евра).