Ова се глобалните компании кои се повлекоа од рускиот пазар

Од рускиот пазар се повлекуваат технолошките компании како „Епл“ и „Оракл“, нафтените џинови, модни групации, автомобилски индустрии


 

Поради влошената безбедносна и хуманитарна криза во Украина и строгите санкции наметнати на Русија, многу големи компании ги прекинаа своите руски активности. Меѓу нив се американскиот технолошки гигант „Епл“, производителите на автомобили ГМ и „Форд“, бродскиот гигант „Маерск“и други.

Санкциите од САД, Велика Британија, Канада и Европската унија се одразија на руската економија бидејќи „Фич“, СиП и „Мудис“ го намалија кредитниот рејтинг на Русија.

„Фич“ соопшти дека сериозноста на меѓународните санкции, како одговор на руската воена инвазија на Украина, ги зголеми ризиците за макрофинансиската стабилност, претставува огромен шок за кредитната база на Русија и може да ја поткопа нејзината подготвеност да поднесе извештај на владата. Тие, исто така, предупредија дека санкциите може да влијаат на подготвеноста на Русија да го враќа долгот, пренесува Klix.ba.

Во продолжение се некои од компаниите кои ја прекинаа својата работа во Русија.

 

„Епл“

Американскиот технолошки гигант „Епл“ соопшти дека го запрел целиот извоз во својот продажен канал во Русија и има ограничени услуги како „Епл пеј“ (Apple Pay). Компанијата исто така ги направи апликациите како RT News и Sputnik недостапни за преземање за корисници надвор од Русија.

 

„Оракл“

„Оракл“ ги прекина сите свои операции во Русија во знак на солидарност со Украина, а компанијата ја објави информацијата на Твитер околу три часа откако украинскиот министер за дигитална трансформација побара од нив поддршка преку твит.

Во твитот на компанијата пишуваше: „Во име на 150.000 вработени на „Оракл“ ширум светот и за поддршка на избраната влада на Украина и граѓаните на Украина, Oracle Corporation ги прекина сите операции во Руската Федерација“.

 

САП

Францускиот технолошки гигант САП ги забрани сите свои операции во Русија поради економските санкции наметнати на таа земја. Исто така, беше истакнато дека економските санкции се важна алатка за враќање на мирот и дека компанијата е во контакт и со владите ширум светот.

Компанијата соопшти дека економските санкции против Русија се важен механизам во напорите за воспоставување мир. Тие исто така велат дека се во постојана комуникација со владите ширум светот, дека имаат доверба во нивните насоки и целосно ги поддржуваат тековните акции.

„Го прекинуваме бизнисот во Русија во согласност со санкциите и, дополнително, ја суспендираме целата продажба на услуги и производи на САП во Русија“, рекоа тие.

 

„Нетфликс“

„Нетфликс“ ги паузираше своите нови проекти и аквизиции во Русија додека го проценува влијанието на инвазијата на Москва врз Украина. „Нетфликс“, исто така, претходно оваа недела соопшти дека не планира да додаде државните канали кон својата руска услуга во сегашните околности. Гигантот со седиште во САД имаше четири серии на руски јазик во продукција и постпродукција, вклучително и детективската драма „Зато“.

 

„Спотифај“

Музичкиот стриминг гигант „Спотифај“ соопшти дека ја затворил својата канцеларија во Русија на неодредено време како одговор на рускиот „неиспровоциран напад врз Украина“.

„Спотифај“ соопшти дека нивниот прв приоритет е безбедноста на нивните вработени и обезбедување дека тие продолжуваат да служат како важен извор на глобални и регионални вести во време кога „пристапот до информации е поважен од кога било“.

Тие исто така рекоа дека ја прегледале содржината од почетокот на војната и ја ограничиле можноста за откривање емисии во сопственост и управувани од руските државни медиуми. Тие, исто така, ја отстранија содржината од руските државни медиуми – RT и Sputnik – од „Спотифај“ во САД, ЕУ и други пазари низ светот, освен Русија.

 

H&M

Модната групација H&M привремено ја паузираше целата продажба во Русија, изразувајќи загриженост поради развојот на ситуацијата во Украина. Во соопштението на компанијата се вели дека одлучиле привремено да ја паузираат целата продажба во Русија и истакнале дека веќе ги затвориле своите продавници во Украина заради безбедноста на клиентите и колегите.

„Континуирано се следи и се оценува состојбата“, велат оттаму.

Пред овој развој, Русија беше шестиот најголем пазар на H&M со 4 отсто од групните продажби во четвртиот квартал од 2021 година.

 

„Џенерал Моторс“

Американскиот производител на автомобили „Џенерал Моторс“ (ГМ) претходно оваа недела соопшти дека ќе го прекине извозот на возила во Русија до натамошно известување. Компанијата нема фабрика во Русија и продава само околу 3.000 возила годишно.

„Нашите мисли се со народот на Украина во моментов. „Загубата на животите е трагедија и нашата главна грижа е за безбедноста на луѓето во регионот“, рече ГМ.

 

„Маерск“

„Маерск“ ги прекина своите операции во Русија и соопшти дека е длабоко загрижен за тоа како ќе се одвива украинската криза во наредните денови. Во соопштението на компанијата се вели дека „Маерск“ ќе продолжи да ја следи ситуацијата и ќе ги информира клиентите за наредните планови.

 

„Форд“

Производителот на автомобили со седиште во Детроит, кој има 50 отсто удел во три руски фабрики, изрази загриженост поради инвазијата на Украина и исто така повика на преоценување на нивниот бизнис во Русија.

„’Форд’ е длабоко загрижен поради инвазијата на Украина и заканите по мирот и стабилноста што резултираа. Ситуацијата не принуди да го преиспитаме нашиот бизнис во Русија“, велат од компанијата.

 

„Дајмлер трак“

„Дајмлер трак“ (Daimler Truck) ги замрзна своите деловни активности во Русија, вклучително и соработката со рускиот производител на камиони „Камаз“, кој е во 47 отсто сопственост на рускиот државен конгломерат „Ростек“.

 

„Фолксваген“

„Фолксваген“, исто така, привремено ги прекина испораките на своите автомобили до руските дилери до понатамошно известување. Портпаролот на компанијата изјави дека испораките ќе продолжат веднаш штом ќе се разјаснат последиците од санкциите наметнати од Европската унија и САД.

 

„Волво“

„Волво“ го прекина производството и продажбата во Русија, каде што прави околу 3 отсто од продажбата, а имаат и фабрика во оваа земја.

„Сега имаме малку повеќе јасност за санкциите и безбедноста во регионот. Тоа значи дека сите операции во Русија завршуваат“, изјави портпаролот на компанијата.

 

Покрај овие компании и многу други најавија дека ги прекинуваат или намалуваат активностите во Русија. Така, „Боинг“ и „Ербас“ објавија дека ја прекинуваат поддршката и услугите за руските авиокомпании.

„Ексон“ ќе се откаже од својот последен проект во Русија, јави Си-Ен-Ен; Од друга страна, италијанската нафтена компанија „Ени“ ќе го проектот на гасоводот Син тек, кој го контролира во еднакви делови со руски „Гаспром“, придружувајќи се на слични мерки донесени од други компании по руската инвазија на Украина, информираше портпаролот на компанијата, пренесе  АФП.
„Ени има намера да го продаде својот удел во тој гасовод што носи гориво од Русија до Турција преку Црното Море“, рече портпаролот.

„Шел“ во понеделникот објави дека ќе воздржи од учеството во неколку заеднички проекти со „Гаспром“ во Русија, како огромниот проект за гас на далечниот исток на Русија, на остров во близина на Јапонија или две наоѓалишта во Сибир.

Во меѓувреме, БП, исто така, во последните денови најави повлекување од инвестициите во Русија.

Норвешката компанија за нафта и гас „Еквинор“ беше уште една што презеде акција против Русија. „Сите ние сме длабоко загрижени за инвазијата на Украина, која претставува ужасно назадување за светот“, рече извршниот директор Андерс Опедал, јави Си-Ен-Ен.

Исто така, во енергетскиот сектор, компанијата „TotalEnergies“ би престанала да обезбедува капитал за идни проекти во Русија, како дел од санкцијата што компанијата и ја воведува на Русија поради нападот врз Украина што започна минатата недела.

Компаниите како „Дизни“, „Сони Пикчрс“ и „Ворнер Брос“ одделно објавија дека го суспендираат прикажувањето на нивните филмови во руските кина по нападот врз Украина.