ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ го одбележува својот јубилеј – пет децении успешна работа
Училиштето за јубилејот подготви дводневна програма во училишниот двор со приредба на учениците, настап и обраќање на гостите, а продолжува со забава со наставниците, учениците и нивните родители, но и поранешните ученици и пензионираните наставници.
Забавата ќе продолжи со настапи на Џон Илија Апелгрин, Гаро, Тони Китановски, „Бандикс”, поранешни ученици во училиштето и два млади бенда од ученици кои во моментот учат во училиштето. Свеченото одбележување на јубилејот продолжува и утре, за кога е закажана централната манифестација.
Во рамките на одбележувањето на 50-годишнината, општината издаде монографија на училиштето наречена „Pestalozzi”, на авторот Кочо В Костов, и е посветена на објектот во кој е сместено ова основно училиште.