“Отвори прозорец кон нови светови”: Саем на книга од 23 до 29 април во „Борис Трајковски“


 
 

Најголемиот книжевен настан во земјава и оваа година ќе го претвори Скопје во централно место за љубителите на литературата. Саемот на книгата оваа година ќе се одржи под мотото „Отвори прозорец кон нови светови”, истакнувајќи ја моќта на книгите да нѐ однесат во авантури кои не сме можеле ниту да ги замислиме.

 

Во периодот од 23 до 29 април, арената „Борис Трајковски” ќе биде домаќин на читатели и љубители на книги, но и автори, културни работници, преведувачи и издавачи од земјата и странство.

Организаторот најави дека Саем на книга 2026 ќе им понуди на посетителите богата програма на добро познати бестселери, изданија од омилените домашни и странски автори, како и промоција на нови дела кои ќе ја збогатат најважната недела во календарот на домашниот читател. Присутните на Саемот ќе имаат можност да проследат излагања и работилници со популарни автори од земјата и странство, а издавачите ќе претстават ексклузивни наслови и досега невидени изданија.

И оваа година саемот на книга е со поддршка од Министерството за култура и туризам.