Отворање на нов центар за развој на технологија во Скопје


Нов центар за развој на технологија ќе биде отворен денеска во Скопје.

Инвестицијата има поддршка од Владата, а со неа е превидено во годините што доаѓаат да се создаде разновиден тим од лидери во технолошката индустрија што ќе ја направи нашата држава еден од главните развојни центри на HTEC Group во Европа.

– Со присутните на настанот ќе ги споделат плановите за раст и развој на компанијата главниот оперативен директор, Дејвид Шох, директорот за човечки ресурси Срѓан Јовановиќ и двајца менаџери за инженерство и испорака и Васко Дреноски и Марко Здравковски, најави HTEC Group.