Откриено е колку заработуваат касиерите во „Лидл“, а колку магационерите. Компанијта ги објави деталите


 

„Лидл“ е еден од најголемите синџири на дисконтни продавници и вработува илјадници луѓе. Но, колку всушност заработуваат продавачите, менаџерите на продавници и приправниците во овој синџир? Дисконтната продавница „Лидл“, со седиште во Бад Вимпфен во округот Хајлброн, е дел од групацијата „Шварц“ и речиси и да нема човек во Германија кој не пазарувал таму барем еднаш. Купувачите главно гледаат продавачи, оние што работат на касите и менаџери на продавници. Сепак, има многу други работни места во толку голема компанија.

Преглед на транспарентноста за овие прашања нуди германската платформа „Кунуну“, каде што вработените можат анонимно да го оценат својот работодавач и да наведат колку заработуваат. „Кунуну“ веќе објави податоци за просечните плати по покраини и кои професии заработуваат најмногу во Германија.

На „Кунуну“, можете да најдете и просечни плати за различни позиции во „Лидл“ на вработените во германија, иако за некои функции само поединечни вработени внеле податоци. Повеќето апликации се за продавачи, менаџери на продавници и приправници.

Просечни бруто годишни плати според податоците на „Кунуну“:

Приправник: 13.900 евра

Касиер: 31.200 евра

Магационер: 31.400 евра

Продавач: 33.100 евра

Трговец (малопродажба): 34.900 евра

Административен референт: 41.700 евра

Заменик-раководител на продавница: 42.700 евра

Раководител на продавница: 60.400 евра

Консултант: 68.200 евра

Регионален менаџер: 83.200 евра

Важно е да се напомене дека ова се просеци базирани на сите пријавени податоци, што значи дека опсезите се многу широки. На пример, платите на раководителите на продавниците се движат од 29.500 евра до дури 83.700 евра бруто годишно, во зависност од колективниот договор и индивидуалните услови. Некои вработени се платени според колективни договори, додека други не, што ги објаснува големите разлики.

На платформата „Кунуну“, вработените можат да ја оценат и различноста, корпоративната култура и работната средина на „Лидл“. Во категоријата кариера и плата, „Лидл“ има просечна оценка 3,8 од 5 ѕвездички, што е подобро од многу конкуренти.

За споредба:

Kaufland (исто така дел од групацијата „Шварц“): 3,3 ѕвездички

Rewe и Aldi Süd: 3,5 ѕвездички

Aldi Nord: 3,2 ѕвездички

Penny: 3,7 ѕвездички

Netto: само 2,8 ѕвездички

Една од причините за подобрите оценки во „Лидл“може да биде зголемувањето на платите за новите вработени што беше воведено во 2024 година.