Откриена причината зошто Трамп има модринки на едната рака


Претседателот на САД, Доналд Трамп, е прегледан за оток во долниот дел од нозете и модринки на рацете, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.

Повикувајќи се на писмо од лекарот на Трамп, Левит им кажа на новинарите дека претседателот бил прегледан и дека му е направен ултразвук на нозете, кој „открил хронична венска инсуфициенција – честа состојба, особено кај луѓе над 70 години“.

-Покрај тоа, неодамнешните фотографии од претседателот покажуваат мали модринки на задниот дел од едната рака, рече Левит.

„Ова е во согласност со симптомите на благо воспаление на меките ткива од чести ракувања и употреба на аспирин, кој се зема како дел од стандардниот режим за превенција на кардиоваскуларни заболувања“, додаде таа.