Отаменди се повлече од аргентинската репрезентација


Аргентинскиот дефанзивец Николас Отаменди (38) го објави денеска своето повлекување од националниот дрес во кој 139. натпревари од дебито пред 17. години.

Отаменди со Аргентина ја освои светската титула (2022), две титули на Копа Америка (2021, 2024) и сребро на неодамна завршеното Светско првенство во САД, Канада и Мексико.

„Денеска морам да ги напишам најтешките зборови во мојата кариера. Судбината сакаше мојот последен натпревар да биде финалето на Светското првенство. Тоа не беше резултатот што го посакувавме, но си заминувам со крената глава, знаејќи дека овој тим даде сè од себе до последната секунда. Ти благодарам, Аргентина, што ми дозволи да го остварам мојот сон да станам светски шампион“, објави Отаменди на социјалните мрежи.

Отаменди неодамна му се приклучи на аргентинскиот гигант Ривер Плата откако заврши успешен 16-годишен престој во Европа, настапувајќи за Порто, Валенсија, Манчестер Сити и Бенфика.