Осуденик кој бил во бегство, убил постар маж во Тетово


Полициски службеници од Единицата за насилен криминал- Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесоа кривична пријава против Ф.У. (39) од Тетово поради основано сомнение за извршено кривично дело „убиство“.

Како што информира МВР,  убиството било извршено на 29 декември 2022 година на улицата „1737“  во Скопје, кога Ф.У. со нож го усмртил А.Д. (64) од Скопје.

-По добиена пријава дека во напуштена куќа на улица „1737“ во Скопје било пронајдено починато лице со видливи повреди, преземени се мерки и активности од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, обезбедени се материјални докази и утврден е идентитетот на сторителот на кривичното дело Ф.У., наведува Министерството за внатрешни работи.

Осомничениот Ф.У., информира МВР, е лице осуденик кој требало да биде на издржување казна затвор во КПУ „Идризово“ Скопје, но во тој период бил во бегство.

-Ф.У. е приведен од полициски службеници од СВР Скопје и спроведен во КПУ „Идризово“, а во службен разговор го признал делото, се додава во соопштението.