Оставка поднесе и градоначалникот на Нови Сад


Милан Ѓуриќ, градоначалникот на Нови САД

 

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, поднесе оставка. Неговата оставка доаѓа откако премиерот Милош Вучевиќ поднесе оставка и најави дека тоа ќе го стори и градоначалникот на Нови Сад.

„Како одговорен човек и одговорен политичар, поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Нови Сад. Стабилноста и смирувањето на тензиите и запирање на понатамошните поделби во општеството се клучни услови за понатамошен напредок и развој на Нови Сад и за подобрување на животот на неговите граѓани“ – рече тој.

Како што додава тој, во време кога општеството се соочува со огромни тензии, кои стануваат покомплексни, заканувајќи се да предизвикаат понатамошни и подлабоки поделби, вклучувајќи го и последниот насилен напад врз студентка, на која ѝпосакува брзо закрепнување, како некој што верува во моќта на дијалогот и меѓусебното разбирање, тој смета дека е прифаќање одговорност и оставка, „неговата човечка и политичка обврска и морална должност“.

Милан Ѓуриќ го осуди синоќешниот напад врз студенти утринава. Во својата изјава тој не се осврна на тврдењата на студентите дека напаѓачите дошле од просториите на Српската напредна партија.

Како што напиша, бара полицијата итно да ги открие и уапси сторителите, а обвинителството да спроведе брза и ефикасна истрага и да ја информира јавноста за резултатите.