Османи: Украина е само првата станица на Русија, после нам ни е редот


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи  денес ги собра амбасадорите на НАТО и други претставници на дипломатскиот кор за да ја одбележат четиригодишнината од членството на нашата држава и 75 години од формирањето на Алијансата. Османи притоа нагласи дека интеграцијата во НАТО и ЕУ е најдобар одговор на руските империјални амбиции, истакнувајќи дека Украина е само прва станица, а една од следните ќе биде Западен Балкан.

“Членството на Северна Македонија во НАТО се реализираше во многу соодветен момент, пред почетокот на руската агресија во Украина. На тој начин земјава претставува не само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за земјите во нашето соседство, кои имаат волја и се подготвени да застанат зад заедничките евроатлантски вредности и цели”, рече Осман.

Според него, сега е време за забрзување на европските и евроатлантските интегративни процеси.

“Сега, повеќе од било кога, евроатланската и европската интеграција на Западниот Балкан е клучна за подобрување на безбедноста и за консолидирање на стабилноста. Евроатлантските интегративни процеси се најдобрите демократски алатки за спречување конфликти и злонамерно вмешување на трети страни”, рече Османи. 

Тој го поздрави проширувањето на трансатлантското семејство со две нови земји членки – Финска и Шведска, нагласувајќи дека ваквиот чекор е особено значаен бидејќи ќе ја направи Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, рече дека со гордост можеме да кажеме дека го исполнивме сонот на многу генерации и дека така, треба да го исполниме сонот за Европската Унија, сега пореален од било кога.

“Денешните околности ни потврдуваат дека сме донеле вистинска одлука, дека сме биле на вистинската страна. Имаме силно оправдување за големите политички жртви што ги направивме бидејќи беа вредни за граѓаните и за државата. Како што не се откажавме од НАТО, така, без разлика на сите предизвици, нема откажување ниту од ЕУ. Како што ги ставивме интересите на граѓаните и на државата во преден план наспроти личните или партиските кога ги носевме тешките одлуки за НАТО, така ќе направиме и за нашето членство во ЕУ. Но, како и денес за НАТО, кога ќе прославуваме годишнина од членството во ЕУ, знаеме дека граѓаните ќе ни бидат благодарни” рече Маричиќ.

Според него, о одговорниот однос кој го имаме кон реформите и пристапните преговори со ЕУ, ќе успееме во достигнување на целта, а Северна Македонија до 2030 да биде успешна европска приказна.