Османи предлага САД, ЕУ и НАТО да даваат „сертификати“ кој може да биде функционер во Македонија


 
Министерот за надворешни работи и претседателски кандидат на ДУИ, Бујар Османи, како еден од столбовите на неговата програма за изборите, ќе предложи меѓународен брод кој же дава „сертификати“ кој може а кој не да биде јавен функционер во Македонија.
 
По големата идеја за Албанец претседател ова е втора ваква идеја од политичките лаборатории на ДУИ која се надоврзува по сѐ изгледа на неуспешниот предлог претходно за ветинг на судиите и функционерите.
 
Според она што го објави Османи на Фејсбук, предлогот е во тој меѓународен брод да бидат преставници на САД, ЕУ и НАТО и тие да помагаат во сертифицирање на сите носители на јавни функции, министри, директори и тоа во две насоки: безбедност (врски со руски елементи) и антикорупција. 
 
„Јавни функции ќе можат да извршуваат само оние кои ќе бидат сертифицирани!“, порача Османи во статусот.