Османи: ОБСЕ опстоја и продолжува да испорачува
ОБСЕ опстоја и продолжува да испорачува. Со овие зборови шефот на дипломатијата Бујар Османи го започна обраќањето на министерскиот состанок на ОБСЕ на кој доминаираат критики за воената агресија на Русија во Украина и повиците оваа земја да престане да ги крши принципите на Органиозацијата и на ОН и да се приклучи на барањата за мир.
Уште на почетокот, Османи нагласи дека Македонија го презеде претседавањето со ОБСЕ во година на активна војна со досега невидените закани по европската безбедност и по меѓународениот поредок базиран на правила.
-Руската воена агресија врз Украина ги прекрши сите правила на Организацијата, Финалниот акт од Хелсински и други клучни документи за европската сигурност и човековите права. Војната ги поктопа довербата, дијалогот и нашиот капацитет да испорачаме, а над се таа ги уништи животите на обичните луѓе, нивното право да живеат слободно, сочени со стравот од војната и создадените воени услови. Во рамки на ОБСЕ дијалогот и соработката беа заменети со поделби и поларизација. Консензусот често инструментализиран за постигнување национални политички цели, наместо да му служи на колективниот интерес, стана оружје правејќи ги постигнувањето на практичните цели далечни и тешко достижни, рече Османи во обраќањето.
И покрај сите потешкотии ОБСЕ продолжи да испорачува, оцени Османи и нагласи дека без оглед на војната во Украина и случувањата на Блискиот Исток, мултилатеризмот останува најдоброто оружје за пренеција на конфликти и надминување на несогласувања. Со цел одржување на ОБСЕ, нагласи Османи, ние бевме посветени на сите предизвици, а меѓу нив е постигнувањето кнсензус за Малта како иден претседавач со организаицијата за 2024 година. Тој ја напомна и важноста од изборот на генерален секретар и на останатите функции, како и на буџетот за функционланоста на ОБСЕ.
-ОБСЕ може да направи многу, и мора да испорача, бидејќи се работи за луѓето, а тоа беше и наративот на нашето претседателство, истакна Османи.
Граѓаните во Северна Македонија изградија успешно мултиетничко општество, а државата демонстрираше успешна дипломатија со своите соседи и најдобро ја разбира важноста на позитивнот ангажман во ОБСЕ, посочи претседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ Пиа Каума. Како што потенцираше, Организацијата ја препознава непоколебливата посветеност на Северна Македонија кон изнаоѓање решенија за создавање мир и стабилност.Таа потенцираше дека влијанието на руската агресија врз Украина останува во фокусот на целиот регион.
-Суровоста и страдањата на украинскиот народ се во фокусот на нашето внимание. Не смееме да останеме слепи при очигледната агресија и некоректното насилиство на Русија врз Украина. ОБСЕ се соочува со повеќе предизвици, рече Каума.Регионалниот развој, како што рече, не може да биде загарантиран без мир и стабилност.Како што посочи, нејзиното претседателство ќе продолжи да го приоритеризира засилувањето на ангажманот кон мир и стабилност.
Сите учесници во дебатата го нагласија тешкото и „исклучително“ претседателствување на Македонија со Организацијата.