Османи: Наше е барањето со еден документ да се затворат сите отворени прашања

Според Османи, погрешна е перцепцијата дека ваквиот став најавува поместување од македонските позиции, туку напротив нивно зацврстување.
Во однос на тоа што се би опфатил тој документ и како со него ќе се решат отворените прашања, Османи не сакаше да коментира во детали, оценувајќи дека преговорите се во покритична позиција и затоа тој ќе биде воздржан.
Министерот за надворешни работи изјави дека целиот спор е покренат со оспорувањето на преговарачката рамка, која од 27-те земји членки на ЕУ, единствено ја оспорува Бугарија, и тоа заради прашањето на македонскиот јазик и имплементацијата на договорот за добрососедство од 2017 година, кој ги вклучува историските прашања, говорот на омраза, прашањето на рехабилитација на жртвите од комунизмот и прашањето за внесување на бугарската заедница во уставот. При тоа според Османи, македонската страна јасно кажала за што може а за што не може да се преговара.