Османи и Маричиќ на разговори во Париз за европското досие на Македонија
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе престојуваат во работна посета на Париз, каде ќе остварат средба со Клеман Бон, државен секретар за европски прашања, и со Изабел Думон, дипломатскиот советник за Континентална Европа и Турција на претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Во фокус на разговорите ќе биде европското досие на Северна Македонија, во светло на актуелното француско претседателство со Советот на Европската унија, а се очекува да бидат разменети мислења и за други актуелни регионални и глобални предизвици.
Во рамки на посетата предвидена е средба и со сенаторот Робер Бадентер.