Оштетени две возила во Скопје од заталкани зрна од огнено оружје

Во два одделни инциденти, оштетени се два автомобили, паркирани во Ѓорче Петров и во Центар, од заталкани зрна од огнено оружје.
На 20.08.2025 во 16:15 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(40) од Скопје пријавил дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.
На 20.08.2025 во 16:15 часот во СВР Скопје, А.П.(49) од Скопје пријавил дека во периодот од 13:30 до 15:45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото возило „форд“ со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.