Орнитолозите речиси банкротираа поради орлите кои летаат многу далеку

Руските орнитолози беа непријатно изненадени кога открија дека степските орли кои ги следеле со огрлица која им прача смс пораки за локацијата, го потрошиле целиот буџет затоа што им праќале прескапи пораки откако неочекувано одлетале за Иран.
Еден од орлите, жена по име Мин, минатото лето од Сибир заминала за југ. Но, по прелетувањето на Казахстан, птицата и уште некоилку други, неочекувано одлетале за Иран, место да се вратат во Русија.
„Нивните огрлици почнаа да праќаат пораки по поскапа тарифа од цената во Русија и Казахстан“, вели орнитологот Елена Шнајдер од рускиот Институт за заштита на птиците грабливки.
Тие неочекувани трошоци речиси целосно го исцрпеа буџетот на орнитолозите кои упатија апел за донации по пат на интернет.