Организаторот на протестите во Тетово почна штрајк со глад


 

Блерим Ахмети, организаторот на протестите во Тетово по пожарот во модуларната болница почна штрајк со глад. По протестите во кои беа повредени  четворица полицајци Ахмети доби осумдневен притвор.

Од затворот за Алсат телевизија информирале дека неговата здравствена состојба во моментов е добра. Петмината приведени се сместени во посебни простории поради мерката за изолација за заштита од вирусот. Сите тие се приведени и им е досуден осумдневен притвор.

Бесник Асани, адвокат на Ахмети, за Алсат најави дека наскоро до Судот ќе поднесат жалба на одлуката за притвор. Тој вели дека ќе побара пристап до целосните докази што ги поседува полицијата и обвинителството, за делата за кои е обвинет неговиот клиент.

Ахмети е од Кичево и е познат како организатор на многу протести.