Орце Ѓорѓиевски официјално стана градоначалник, од денес течат „72-та“ часа за чистење на Скопје
По две изборни недели и неколку прегласувања, Државната изборна комисија утрово ги објави конечните резултати таму каде што до рокот не пристигна ниту една жалба – со што Орце Ѓорѓиевски и официјално е новиот градоначалник на Град Скопје. Заедно со него, уште 32 избрани градоначалници ги добиваат уверенијата и можат да отпочнат примопредавање на функциите. Следниот чекор е административен, но суштински: уверенијата од ДИК го прават политичкиот исход извршен и мерлив – првите сто дена почнуваат да се бројат од денес.