Орце Ѓеорѓиевски ги нарече бандити, тие се појавија со маици „Бандит“
Советниците на Левица во Град Скопје на оригинален начин му се спротивставија на градоначалникот Орце Ѓеорѓиевски и денеска се појавија на седницата со маици на кои пишуваше „Бандит“. На претходната седница градоначалникот им рече дека тие се „најголемо бандитско здружување“.
Нервозната, па дури и клеветничка реакција на Ѓеорѓиевски беше искажана како реплика од советничката Дарја Мустафуоглу кога кажа дека кадри на Левица го уништувале ЈСП и КИЦ.
„Вие сте најголемото зло што му се случило на градот изминативе десет години“ и им се закани дека нема да ги толерира, но не кажа на кој начин ќе го направи тоа,
„Колку и да ви сметаат тајмери, на сѐ ќе ви биде одговорено. Вие сте научени некој да ви ќути, вие сте најголемо бандитско здружување“, рече тој.