Општина Карпош девет месеци обезбедува психолошко советување за онколошки пациенти


Општина Карпош започнува со реализација на проект за психолошка поддршка на
онколошки пациенти со цел да им обезбеди бесплатна, стручна и континуирана
поддршка на пациентите, жени и мажи, преку организирање на групни терапевтски
средби.
Во период од 9 месеци, со почеток од април 2026 година, ќе се реализираат групни
сесии во кои учесниците ќе добијат:
 Безбеден простор за споделување
 Емоционална поддршка
 Техники за справување со стрес и анксиозност
 Чувство на заедница и разбирање.
Главната цел на овој проект кој е дел од програмските активности од областа на
еднаквите можности меѓу жените и мажите за оваа година, е подобрување на
менталната благосостојба, намалување на анкзиозноста и зајакнување на
психолошката отпорност и емоционалната стабилност кај учесниците.
Средбите ќе бидат реализирани од стручен тим предводен од лиценциран
психолог Тамара Стојчевска.
Сите заинтересирани граѓани може да се пријават на тел.број 076/439-663