Општина Гевгелија апелира до граѓаните за време на грејната сезона да не согоруваат недозволени материи
Општина Гевгелија и Инспекторатот за животна средина при Општина Гевгелија, ги известуваат сите граѓани дека е неопходно строго да се внимава на видот на материјалите кои се користат за затоплување во дoмашните печки и котли, стои во известувањето до јавноста.
-Потсетуваме дека согорувањето отпад – како пластика, гума, текстил, отпадно масло, стар мебел (лакирани и обоени отпадоци од дрво и мебел), стиропор, како и други недозволени материјали – претставува сериозен ризик по здравјето на луѓето и животната средина. Горењето недозволени материјали предизвикува појава на токсични гасови и густ чад, кои ја загадуваат атмосферата и го нарушуваат квалитетот на воздухот, се наведува во известувањето.
Се додава дека Општина Гевгелија ќе преземе засилени контроли и законски мерки против сите физички и правни лица кои согоруваат отпад во домашни или индустриски уреди за греење, каде следуваат и соодветни казни според прекршокот.