Општина Гази баба со 12 нови проекти аплицира за парите од унгарскиот кредит
Во просториите на Министерството за локална самоуправа, денеска градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, поднесе 12 проекти за финансирање со поддршка на Владата, во рамките на Јавниот повик кој вчера го објави Министерството за локална самоуправа.
Меѓу 12 нови проекти со целокупната потребна документација за нивна реализација се:
– Изградба на нова детска градинка помеѓу Маџари и Керамидница;
– Рехабилитација на пристапниот пат кон гробиштата Камник;
–Изградба на атмосферска канализација на ул. „Гемиџиска“ и ул. „Филип Филиповиќ“ во Железара;
– Реконструкција на улица „Палмиро Тољати“ во Ченто;
–Реконструкција на улица „Петре Филиповски Гарката“ во Триангла;
– Реконструкција на улица „519“ во Керамидница;
– Реконструкција на улица „Париска комуна“ во Хиподром;
– Реконструкција на улица „Ордан Поп Јорданов“ во Маџари;
– Реконструкција на улица „Жан Жорес“ од Кино Маџари до надвозникот кај ООУ „Наум Наумовски Борче“;
– Реконструкција на улица „30“ во Чукур маало, Трубарево;
– Изградба на улица „22“ во Сингелиќ со водоводна мрежа;
– Изградба на улица „2“ во Железара