Најголемиот градски Циркулариум; Сè што има приказна, има и нова шанса


На 19 септември, сабота (12.00-22.00) и 20 септември, недела (12.00-20.00) највисокото ниво од катната гаража во Скопје Сити Мол ќе се трансформираа во живописна и Instagram-friendly дестинација, каде што креативноста и одржливоста ќе се спојат во едно искуство. Имено, во овие два дена за прв пат ќе се одржи „Циркулариум“, настан посветен на повторната употреба, поправка, размена, рециклирање и поодговорен однос кон производите и ресурсите што ги користиме секојдневно.

najgolemiot-gradski-cirkularium-se-sto-ima-prikazna-ima-i-nova-shansa-01.jpg

Замислен како платформа што ги поврзува луѓето, организациите и бизнисите што работат во насока на циркуларна економија и одржлив начин на производство и живеење, „Циркулариум“ на едно место носи три различни, но поврзани искуства.

Во продажниот сегмент ќе бидат претставени производи што ја носат идејата за одржливост и продолжена вредност, од користени, винтиџ и колекционерски предмети, до еко-производи изработени од природни материјали и обновливи ресурси. Наместо предметите што веќе не ги користиме да завршат како отпад, тие добиваат можност да продолжат да живеат во нов дом и со нов сопственик.

„Иницијативи“ ќе претстави организации, институции, здруженија, дизајнери, еко-активисти и други креативци што преку својата работа придонесуваат кон создавање поодржлива и поодговорна заедница. Во рамките на овој сегмент, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со различни активности и идеи, од креативни работилници и работилници за поправки, до изложби на студентски проекти и прототипи.

Третиот сегмент опфаќа работилници, размена на знаења, идеи и вештини поврзани со повторната употреба, екологијата и циркуларниот начин на размислување, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во забавни семејни активности со музичка програма и пијалоци.

„Циркулариум го замисливме како своевидна прослава на second-hand движењето, предводена од поединци, организации и истомисленици. Па така, ова не е само настан на кој се купува и продава. Тој ќе биде платформа што ги поврзува луѓето што сакаат да дадат нов живот на нешто што веќе постои, оние што создаваат поодговорно и оние што имаат знаења и вештини што вреди да се споделат. Како свесен и одговорен retail, нашата цел е принципите на еколошката и социјалната одржливост да ги интегрираме во различни аспекти од нашето работење и да поттикнуваме промени што имаат позитивно влијание врз заедницата. Во таа смисла, особено сме горди што го иницираме и развиваме „Циркулариум“ како простор за создавање една нова, поодговорна заедница околу идејата дека одржливоста започнува со мали, но свесни избори“ – изјавуваат од Скопје Сити Мол.

Во создавањето на ова прво издание, Скопје Сити Мол активно ги поврза и покани различните чинители што директно или индиректно придонесуваат кон оваа тема, од поединци, хобисти, активисти и дизајнери, преку еко-бизниси и комерцијални брендови, до образовни институции, здруженија и организации што професионално работат на зелената агенда. Токму оваа разновидност е дел од идејата на „Циркулариум“, да создаде отворен простор за соработка, размена и поврзување, без поделби меѓу различните пристапи кон одржливоста.

Следејќи ги глобалните практики на водечките шопинг-центри во светот, Скопје Сити Мол е првиот локален мол што активно се приклучува кон овој растечки тренд на свесен и одржлив retail, создавајќи простор за подигнување на свеста, поттикнување одговорно однесување и инспирирање на заедницата кон поодржлив начин на живеење. Оваа иницијатива е во согласност и со пошироката стратегија за одржливост на групацијата од која овој мол е дел, што ја става одржливоста во срцето на работењето, а ја опфаќа грижата за луѓето, планетата и за општеството.