Општина Центар започна со пролетна дератизација, се третираат 2.000 шахти против глодари
Општина Центар ја започна редовната пролетна дератизација на целата територија, како дел од мерките за одржување на високо ниво на јавна хигиена и заштита на здравјето на жителите.
Во рамки на акцијата, што ја спроведуваат стручни екипи, се третираат околу 2.000 шахти, каде што се поставуваат специјални мамци за контрола и уништување на глодари.
Дератизацијата се спроведува два пати годишно, во пролет и во есен, како важна превентивна мерка за планско намалување на популацијата на штетници и заштита на јавното здравје.
„Со превентивна и систематска дератизација придонесуваме кон сузбивање на штетните глодари кои можат да претставуваат здравствен и хигиенски ризик. Целта ни е зачувување на здрава и чиста животна средина“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.
Препаратот што се користи е селективен и сертифициран од овластен производител, специјално наменет за контрола на популацијата на глодари.