Општина Берово ќе биде дел од Пактот на градоначалниците за климатски промени и енергија
Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски престојува во Турција, каде како претставник на Општина Берово е дел од сесијата за климатска акција за Западен Балкан и Турција (MARUF) чија цел е зајакнување на енергетската транзиција.
На сесијата како што информираа од Општината, Пекевски разменил мислења и позитивни искуства во делот на енергетската транзиција, како дел од активностите на ГИЗ и ОРФ програмата, преку која Општина Берово е вклучена во процесите на планирање за изработка на Стратегија за енергија и акциски план за клима, со мерки за справување и ублажување на последиците.
-Општина Берово ја имаше таа можност да се вклучи во пректот за изработка на СЕКАП и преку поширока перспектива со подршка на ГИЗ и ОРФ програматада се вклучи во процесите на планирање за изработка на Стратегија за енергија и акциски план за клима. Со тоа Општина Берово ќе биде дел од Пактот на градоначалниците за климатски промени и енергија за спроведување на енергетски и климатски политики, информираа од Општина Берово.
Обврските за потписничките на пактот се поврзани со рамката на ЕУ за климатска и енергетска политика и пакетот за климатски промени и енергијата за 2030 година.
-Со подршка од ЕУ и меѓународната заедница потребно е да се направт првите чекори во надминување на сегашната инерција, земјите треба да развијат политики и способности во приватниот и јавниот сектор на локално ниво да ја идентификуваат, формулираат и презентираат енергетската ефикасност, додадоа од Општина Берово.
За таа цел како што додадоа потребни се дополнителни напори за инвестиции во областа на енергетската ефикасност, кои ќе создаваат поволни услови за финансирање и вклучување на комерцијални компаниите да инвестираат во проекти за енергетска ефикасност.