Општина Аеродром конечно ги расчистува насобраните купишта гранки и диви депонии
Вчеравечер, комуналните екипи до доцна во ноќта работеа на расчистување на дивите депонии и уредување на јавните површини на повеќе локации во Општина Аеродром.
Засилените активности продолжуваат, со цел почисти, поуредни и поубави јавни простори за сите граѓани.
Рано утрово екипите повторно се на терен и продолжија со редовните активности за одржување на чистотата.