Оперска претстава „Орфеј и Евридика“ во Тетово


Здружението „Lege artist“ во соработка со манифестацијата „Лето на тетовската култура“ во Тетово по долго време ја поставуваат безвременската оперска претстава „Орфеј и Евридика“ од Кристофер Вилибал Глук.

Оперската претстава ќе се одржи денеска со почеток во 20:00 часот во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово.

Во улогата на Орфеј е мецо-сопран Бесиана Мемеди, на Евридика сопранот Славица Петровска-Галиќ, додека Амор е сопран Нита Исмаили. Корепетитор и изведба на пијано е на Андреј Наунов додека режијата и костимографијата е на Трајко Јордановски