ОН: Повеќе од милион деца во Газа се соочуваат со криза на менталното здравје


УНИЦЕФ соопшти дека на речиси 1,1 милион деца во Газа им е потребна ментална и психосоцијална поддршка во услови на израелско бомбардирање, раселување и тешки услови за живот.

Децата страдаат од кошмари, вознемиреност и стравови поврзани со воздушни напади и губење на членовите на семејството. Многумина стануваат агресивни, се повлекуваат или престануваат да зборуваат, соопшти агенцијата на ОН.

ОН проценуваат дека најмалку 19.000 палестински деца останале сираци од почетокот на војната во Газа, пренесе Ал Џезира.

Експертите за ментално здравје предупредуваат дека лузните нанесени на овие млади умови може да траат со генерации.