Околу 240 училишта во Унгарија добија закани за бомби. Орбан: Во контакт сум со министерот


Најмалку 240 училишта во Унгарија утрово мораа да бидат евакуирани поради закани за бомби, објавија унгарските медиуми.

Порталот Index.hu објави дека најмалку 20 училишта морале да бидат евакуирани во Будимпешта и надвор од главниот град поради закани за бомби. Националната полиција соопшти дека се верува дека заканувачките мејлови доаѓаат од истата адреса, додавајќи дека започнала истрага.

Премиерот Виктор Орбан рече дека е во контакт со министерот за внатрешни работи во врска со заканите за бомби кои ги добиле неколку училишта низ Унгарија.

„Ќе ја зајакнеме безбедноста на спорните училишта и ќе ги истражиме заканите со бомби“, нагласи Орбан на Фејсбук.

Тајните служби стапиле во контакт со своите словачки колеги

Гергели Гуљас, министер одговорен за Кабинетот на премиерот, извести дека биле испратени заканувачки пораки за поставени бомби во училиштата. Наставата не е прекината, но директорите можат да одлучат поинаку доколку сметаат дека нема смисла да се продолжи со наставата.

Пораките се испратени преку странски даватели на е-пошта, но со идентичен текст. Унгарските тајни служби ги контактирале своите словачки колеги бидејќи тамошните власти се соочиле со слични закани минатата година. Како што пренесува Index.hu, Гергели Гуљас изјавил дека е впечатлива сличноста со она што се случи во Словачка, каде што се покажа дека заканите се неосновани.