Американска помош за македонските институции во вредност од 12 милиони е запрена
Проценките се дека околу 12 милиони долари би се скратиле средствата на невладините организации во земјава и на сите оние кои работеле проекти поддржани од администрацијата на САД по одлуката на новиот американски претседател за замрзнување на програмите за помош во странство.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека она што го добивале државните институции се експерти кои доаѓале како помош и поддршка за реализација на проекти.
– Ние сме единствена земја која успеа додека бев во Вашингтон да договори со поддршка на американската Амбасада да добиеме постојана поддршка на лица оттаму за Министерството за финансии во секој сегмент, рече Димитриеска-Кочоска.
Указот за 90-дневно замрзнување на сите програми на САД за помош во странство Трамп го потпиша на 20 јануари, веднаш по преземањето на функцијата. Тој објасни дека ваквите дотации треба да поминат проверка за усогласеност со политичките цели на новата администрација.