Околината на Лос Анџелес ја погоди најсилното торнадо во последните 40 години


Најмалку едно лице е повредено откако торнадо, што е ретка појава во калифорнија, вчера го погоди градот Монтебело, југоисточно од Лос Анџелес.

Националната метеоролошка служба му даде оценка на торнадото EF-1 со проценети максимални ветрови од 110 mph (175 km/h), најсилното торнадо што ја погодило областа Лос Анџелес од 1983 година.

Портпаролот на градот Мајкл Чи потврди дека торнадото оштетило најмалку 17 згради, а 11 згради се толку многу оштетени што пожарникарите ги сметале за премногу опасни за употреба.