Охридско лето во знак на класичната музика и уметноста
Членовите на „Асасело“ кариерата ја започнуваат со победата на натпреварот „Мигрос Културпроцент“ во Цирих по што следат турнеи и интернационални концерти во Унгарија, Русија, Холандија и Велика Британија. Во 2009 година квартетот „Асасело“ ја освојува втората награда на првиот натпревар за камерна музика во Хамбург, а следната година ја добиваат годишната награда која ја доделува Асоцијацијата на концертни агенции на Германија. Значајни настапи за квартетот се концертното деби на сцената на филхармонијата во Келн, 2017 година, како и нивната соработка со Ричард Сигал и Стефани Тирш на проекти со танц како на пример: „Бронза од Злато“ која ја изведуваат на Фестивалот посветен на Бетовен во Бон.
Од 20 часот на разни локации во градот ќе бидат поставени уметнички слики на Стефан Хаџи-Николов, како дел од јубилејната изложба.
Стефан Хаџи-Николов самостојно изложувал 75 пати во Скопје, Охрид, Солун, Истанбул, Анкара, Софија, Пловдив, Варна, Белград, Ниш, Приштина, Лондон, Париз итн. Оваа изложба ќе биде негово осмо самостојно претставување во Охрид одбележувајќи 30 годишен јубилеј од првата самостојна изложба во Охрид.
Во центарот за култура „Григор Прличе в“, пак, од 19 часот , ќе биде отворена изложбата на фотографии „Кина во моите очи“. На изложбата ќе бидат претставени фотографии на граѓани кои ја имаат посетено Н. Р. Кина.
Изложбата на фотографии ќе биде поставена во Скопје, Охрид, Битола и други места низ Македонија и има за цел да ја претстави природата, историјата, развојот и промените во Кина, како и пријателството меѓу Кина и Македонија, преку ретроспективата на македонските граѓани.