Огромен пожар во Мексико, изгореа куќи, автомобили и железничка пруга


Голем пожар избувна во централно Мексико кога цистерна со гориво удри во надвозник покрај железничка пруга. Пожарот зафати поголем број куќи, автомобили и дека од железничка пруга, па населението било евакуирано.

Густ чад брзо ја покри областа, по што дошло до голема евакуација. Нема жртви, соопштија локалните власти. На една од снимките што се шири по социјалните медиуми се гледа како товарен воз поминува низ пламенот.

Мигел Муриљо, началникот на противпожарната бригада Агуаскалиентес, изјави дека 1.500 луѓе биле евакуирани.

Од куќите итно се евакуирани 12 лица, а нема повредени, додаде Муриљо, но едно лице имало проблеми поради вдишување чад. Од 300 куќи во регионот оштетени се 120.

Возачот на цистерната е уапсен, додаде Муриљо.

Шрвите извештаи велат дека пожарот е резултат на судар на цистерна и воз, а подоцна Ројтерс јави дека каминот сепак удрил во надвозник  На терен има околу 200 пожарникари, а им помага и домашната нафтена компанија „Памекс“, која соопшти дека камионот не е во нејзина сопственост.