Ограбено казино во Аеродром


Вчера утрината бил пријавен грабеж на казино во скопски Аеродром.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (21.12.2025) во 07:42 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 07:30 часот во казино на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.