„Офелија“ ги погоди САД (Видео)


Тропската бура „Офелија“ го погоди источниот брег на САД, предизвикувајќи поплави во неколку сојузни држави, јавуваат американските медиуми.

Невремето ја погоди Северна Каролина, со силен ветер, обилни дождови и високи бранови, јавува телевизијата „Фокс“. Поплави се забележани во градовите Вашингтон, Северна Каролина, како и во градовите Си Ајл и Стоун Харбор, Њу Џерси.

„Вашингтон пост“ објави дека невремето е нешто помалку интензивно, но дека сепак се очекуваат поплави на брегот на Атлантикот, особено при плима.

Околу 3.000 домови во Северна Каролина и 11.000 во Вирџинија се без струја од синоќа.

Очекуваме Офелија да продолжи да се движи кон север.

„Обилниот дожд ќе продолжи да паѓа денеска“, изјави директорот на Националниот центар за урагани Мајкл Бренан.

Невремето продолжи да се движи кон север со 12 километри на час, а ветровите дуваа до 56 километри на час.