ОЕЦД: Стареењето на населението може да го забави економскиот раст на повеќето развиени земји


Стареењето на населението може да го забави економскиот раст на повеќето развиени земји доколку не се преземат итни мерки, според извештајот за вработување објавен денес од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Вработеноста и учеството во работната сила во земјите на ОЕЦД се уште се на рекордни нивоа, но веќе се присутни рани знаци на стагнација, пренесува Танјуг.

Стапката на невработеност кај членките на ОЕЦД остана стабилна на 4,9 проценти во мај, а учеството на вработените лица во првиот квартал од 2025 година се искачи на 72,1 процент.