Одлуката за реконструкцијата на Универзална сала пред Владата


Фото: Б. Грданоски

Владата денеска, на редовната 21 седница, ќе разгледа повеќе предлог-закони и одлуки, меѓу кои е и Предлог-одлуката за одобрување 120.000.000 денари неповратна финансиска помош од Буџетот на државата, средства кои Град Скопје треба да ги искористи за реконструкција на Универзалната сала.

На дневен ред се и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за вршење  сметководствени работи, како и повеќе предлог-закони предложени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На предлог на Министерството за финансии, Владата треба да го разгледа и Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување брз автобуски превоз во Град Скопје“.