Одлуката за испорака на Асанж на САД се очекува на почетокот на 2020 година


 

На почетокот на следната година ќе се разгледува понудата за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, да биде испорачан од Велика Британија на САД, каде би се соочил со обвиненија за хакирање и шпионажа.

Датумот за сослушување на Асанж од Вестминстерскиот суд закажан е за петок, откако министерот за внатрешни работи нСаид Џавид се согласи со амерканското барање, пренесе Sky News.

Асанж (47), издржува казна од 50 недели затвор откако беше извлечен од еквадорската амбасада и откако беше осуден за кршење на кауцијата, и се бори против испораката на САД:

Меѓу 18-те обвиненија против Асанж се наоѓаат и оние за хакирање компјутери во сопственост на Пентагон. Исто така, отворена е и повторна истрага за наводите за силување во Шведска, кои Асанж постојано ги негира.

Главната судијка Ема Арбутнот нареди со сослушувањето, кое трае пет декна да се почне на 25 февруари.