Одложено рочиштето за „Моќник”


 Главната расправа за „Моќник” предвидено да се одржи денеска се одлага по барања на јавниот обвинител кој го застапува овој случај. Како што информираат од Кривичниот суд Скопје, следното рочиште за овој предмет е закажано за 14 јули.

Судењето за овој случај го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението се јавниот обвинители Гаврил Бубевски.

Според Обвинителството, прво и второобвинетиот се товарат дека сториле „измама”, третообвинетиот дека сторил „измама” и „злоупотреба на службената положба и овластување”. Со обвинителниот акт останатите 10 опфатени лица се товарат дека сториле „злоупотреба на службената положба и овластување”. Прво и второобвинети во случајот се Милош Милошоски и поранешниот градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески, а третообвинет е пратеникот Антонио Милошоски. Меѓу останатите обвинети се и Томе Аџиев, Јанаке Витановски, Новица Велјановски, Ѓорѓи Милошевски, Шпенд Винца, Агим Мехмети и Даут Даути.